Српската атлетичарка Ивана Шпановиќ Вулета на големо се подготвува за предизвиците кои ја очекуваат следната година.
Таа објави неколку детали од тренингот и неколку фотографии на кои ви го „одзема здивот“ со совршена линија во црвено бикини.
Во преден план се идеалните стомачни мускули и цитатот од песната на Џорџ Балашевиќ „Приспивна за момче“, кој гласи: „Невреме е таму горе, каде што не пристигнавме многумина“.
„Се уште се мачам во оваа 2021 година “, порача Ивана со фотографиите на задоволство на голем број нејзини следбеници.
Tеретаната ја опиша како нејзино место на среќа и додаде „Сè уште се мачам во 2021 година“, а друштво и прават сопругот Марко Вулета и тренерот Горан Обрадовиќ.
Потсетуваме, Ивана годинава учествуваше на Олимписките игри во Токио каде не го постигна посакуваниот пласман и заврши на четвртото место во скок во далечина.
Првото големо натпреварување за српската атлетичарка во 2022 година ќе биде Светското првенство во Белград.