Себастијан Але бурно реагираше на прашањето на новинарите дали повеќе би сакал да остане во Ајакс отколку да учествува на Африканскиот куп на нации.

Але е еден од играчите во најсилните европски лиги кои во јануари ќе ги напуштат клубовите за да учествуваат на Африканскиот куп на нации.

Запрашан дали повеќе би сакал да остане во Ајакс отколку да игра со репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска, 27-годишниот фудбалер одговори:

„Со ова прашање покажувате непочитување кон Африка. Дали би прашале такви играчи пред Европското првенство? Секако дека ќе играм на Африканскиот куп на нации. Тој турнир требаше да се игра во текот на летото, но беше одложен поради корона вирусот. нивната земја. нормално дека ќе ја представувам својата земјатоа е најголема чест“.

Але истакна дека играчите се нашле во незавидна ситуација.

“Мразам што треба да избирам помеѓу мојата земја и клубот. Тоа е глупост. Се разбира, би сакал да играм против Утрехт и ПСВ, но тоа е невозможно. Ситуацијата е фрустрирачка”.

Африканскиот куп на нации започнува на 9 јануари, а ќе можете да го следите во Спортскиот клуб.

By Author