Нашата фудбалска репрезентација вечерва остана непоразена. Англија играше, Македонија поведе 1:0 на полувреме, Барди ја затресе мрежата на Пикфорд, Хари Кејн за ирамнување.
По првото полувреме македонската фудбалска А репрезентација на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје поведе против Англија со 1:0 во квалификациите за ЕП 2024.
Англичаните беа тие кои повеќе доминираа на теренот, повеќе кружеа околу голот на Столе Димитриевски, но беа запрени сите налети.
Играчите на Благоја Милевски тешко ја исфрлуваа опасноста, тешко се префрлуваа на половината на Англичаните.
Во 41 минута Миовски имаше дуел со Луис кој невнимателно реагираше и со раката удри во лицето на напаѓачот на Абердин.
После ВАР снимката словачкиот судија покажа на белата точка, Барди ја презема одговорноста.
Неговиот удар беше одбранат од Пикфорд, но за момент бидејќи Барди одбиената топка ја испрати во неговата мрежа за водство на Македонија.
Почеток од второто полувреме нашите фудбалери го започнаа малку по комотно па се случи во 47 минута да примиме гол, кој после прегледот на ВАР снимката беше поништен.
Англичаните продолжија со притисокот. Во 58 минута ја направија првата замена го внесоа во игра Хари Кејн, кој по изведувањето на корнерот се запиша во стрелците и го изедначи резултатот на 1:1.
Повеќе креиравме акции во нападот во вториот дел, дури во 65 минута го имавме првиот корнер на мечот по блокираниот удар на Елмас.
Следуваше помирен период без многу возбудувања, до следната сериозна шанса чекавме до 82 минута кога највисоко скокна Мегваер, но Димитриевски не дозволи да биде совладан.