Рускиот тенисер Андреј Рубљев е новиот шампион на Србија опен откако во финалето во Белград го совлада Новак Ѓоковиќ по голема борба со 2:1 во сетови.
Моментално шестиот играч во светот се заблагодари на публиката која беше со него на овој турнир, како и на Нолет. Среќен Велигден! Христос воскресна! Најпрво сакам да му се обратам на Новак. Ти си еден од најголемите играчи во историјата, би сакал да бидам голем како тебе. Голема чест е да играм против тебе и се надевам дека ќе имаме можност за реванш, дека ќе играш уште многу години. Благодарност на Џорџ за одличниот турнир и гостопримството, овој турнир беше на многу високо ниво, се чувствував фантастично во Белград, имам многу пријатели овде.
Ме потсетува на Москва, тука беше одлично. Така да, навистина уживав и освојувањето на титулата овде е навистина посебно. Благодарност до гледачите кои цела недела доаѓаа да им дадат поддршка на сите играчи. Гледањето толку многу фанови е посебно за нас, можеме да бидеме благодарни и се надевам дека ќе се видиме следната година – рече Рубљев.