Се чини дека е крај, рботите се стасани до точка на вриење.
Веќе подолго време трае хаосот меѓу Килијан Мбапе и Пари Сен Жермен, а по најновиот потег на лидерот на тимот од Паркот на принцовите, се чини дека разделбата е прашање на денови.
Имено, Килијан Мбапе е исклучен од групата играчи на ПСЖ кои во сабота патуваат за Јапонија во „земјата на изгрејсонцето“,тие ќе заминат без својата прва ѕвезда.
На крајот од минатата сезона Мбапе испрати писмо до клубот во кое најави дека нема да го продолжи договорот, по што следеа низа „отровни стрели“ на двете страни, а кулминираа со одлуката на тимот од француската престолнина да го отстрани Мбапе од тимот.
Потсетуваме, Мбапе најави дека не сака да ја активира клаузулата во договорот, но и да го продолжи договорот со ПСЖ, со намера да остане во дресот на овој тим и следната сезона, по што би можел да замине во друга екипа како слободен играч.
Од друга страна, ова е првиот конкретен чекор на ПСЖ за да му покаже на Мбапе дека нема намера да попушти, и дека нема да дозволи првата ѕвезда на тимот да си замине без финансиска отштета.
Клубот е пред сите, изјави претседателот Насер Ел Хелаифи. Одлуката Мбапе да не патува со тимот е донесена во петокот, после минатата првиот подготвителен натпревар против Авро, во кој парижаните победија со 2:0. Првиот гол го постигна Екитике (53. минута), а вториот Мбапе во судиското надополнување.
Мбапе се поврзува со Реал Мадрид, а во последно време и со Ливерпул, а каде ќе игра следната сезона ќе биде појасно во наредните недели.