Ѕвездата на УФЦ, Конор Мек Грегор, најави можност да го купи Челзи од Роман Абрамовиќ, кој очигледно сака да го продаде.
Бројни извештаи сугерираат дека руско-израелскиот милијардер ќе ги сослуша понудите за клубот од Западен Лондон, чиј сопственик е од 2003 година.
Веста доаѓа во време на закани за можни санкции против Абрамович по руската инвазија на Украина.
Мек Грегор и претходно пројави интерес за купување на Манчестер Јунајтед за кој навива, иако многумина се сомневаат дека Ирецот бил искрен.
Се проценува дека Мекгрегор вреди 200 милиони, што го прави еден од најбогатите спортисти на планетата, но се верува дека Абрамович сака милијарди за Челзи.
Во објава на Твитер, Мек Грегор сподели скриншот со пораки на WhatsApp од еден од неговите пријатели или соработници кои гласеа:
„Челзи на продажба за три милијарди фунти.
„Ајде да го купиме”
Поради оваа порака не е јасно како Ирецот планира да го купи клубот кога неговото богатство се проценува на 15 пати помалку од она во пораката.
Во коментарот на фотографијата која ја објави, Мек Грегор го означи Челзи и им напиша дека сака да ја истражи таа опција.
Поради војната во Украина неизвесна е судбината на премиерлигашот Челзи во сопственост на Русинот Роман Абрамович.
Швајцарските медиуми го открија името на првиот кандидат за преземање на Челзи, клуб во сопственост на рускиот олигарх.
Се наведува дека е заинтересиран милијардерот Хансјерг Вис (86), богаташ од Берн, кој со години живее во САД и е „еден од најбогатите и највлијателните Швајцарци“ во светот.