Скандал во светот на Формула 1 пред трката.
Навивачите на возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, фрлаа димни бомби на патеката за време на квалификациите за Големата награда на Холандија и едно лице беше уапсено.
Сето тоа се случи за време на вториот круг од квалификациите кога на патеката беше само Алекс Албон, беше покажано црвеното знаме како би се расчистила патеката, а втората димна бомба експлодираше во третиот дел од квалификациите.
Поради ова тие беа во прекин, поради загрозена безбедност на возачите.
„Да го држиш факелот, тоа е во ред некое време и има ограничување колку долго можеш да го држиш, но да го фрлиш на патеката е едноставно глупаво. Мислам дека лицето што го направи тоа е исфрлено. Тоа не е добро за никого, ти си исфрлн се и нема да јагледаш трката, сесијата е затворена за нас бидејќи е опасно да има било што на патеката“, изјави Макс Верстапен по квалификациите.
Тоа не го спречи Холанѓанецот да заземе нова пол-позиција, а зад него беа болидите на Шарл Леклер и Карлос Саинц, додека Луис Хамилтон заврши на четвртото место.
Трката за големата награда започнува во 15 часот, а Макс Верстапен ќе се обиде да ја зголеми бодовната предност во шампионатот.