Ова ќе ѓи израдува фановите на формула 1
Луис Хамилтон одлучи за прв пат да се огласи откако ја загуби титулата во Формула 1 пред два месеци бидејќи во последниот круг беше претекнат од Макс Ферстапен.
Ова го погоди исклучително тешко, тој по трката заплака во прегратките на својот татко, а според некои информации дури размислувал да ја заврши кариерата.
Два месеци не се огласи, а потоа реши да го прекине молкот и да им се обрати на фановите преку Твитер
-Не бев тука, но сега се враќам! напиша Хамилтон.
Набрзо се јави Мерцедес и објави дека Хамилтон почнал со подготовките за новата сезона.
Првата трка од новата сезона во Формула 1 ќе се вози на 20 март за ГП Бахреин.