Претходните денови името Ајлин Гу стана посебна тема на интерес на светските медиуми и поради убавината и поради спортот.
Оваа прекрасна скијачка манекенка настапува за Кина, иако е родена во Сан Франциско, Калифорнија. Татко и е Американец, мајка и е Кинеска, па таа се повлече на страната на нејзината мајка.
18-годишната девојка од 2019 година, односно од својата 15 година го замени американското знаме со кинеско, под кое настапува и на Зимските олимписки игри во скијање во слободен стил.
Досега има освоено две златни медали од Светските првенства, и еден бронзен медал во различни дисциплини од Аспен 2021 година.
Сепак, она што ја издвојува од другите натпреварувачки е нејзината паралелна кариера во манекенството.
Од тоа заработува многу, а меѓу другото е и едно од заштитните лица на познатиот бренд „Victoria’s Secret“, по кој е позната и Адријана Лима, поранешната сопруга на Марко Јариќ.
Британскиот „Дрим“ пишува дека веќе работела на кампањи за некои познати модни куќи, а била и на насловната страница на магазинот „Вог“.
Дека е милионерка без скијање покажува и тврдењето дека само лани од спонзорства заработила околу 14 милиони евра.
И покрај се, уште пред почетокот на Зимските олимписки игри во Пекинг имаше и такви кои ја нарекуваа „Тони Хок на Игрите во Кина“, а таа е само „бебе“ во светот на скијањето.