Како да нема доволно специјалитети за овој Мундијал.

ФИФА размислува да воведе правило кое може драматично да влијае на играта.

На Светското првенство кое за прв пат се игра во зима, од 21 ноември до 18 декември, можевме да видиме повеќе низ промените.

Одлучено е да се испроба нова технологија која ќе открива офсајд многу порано отколку што е случајот со ВАР технологијата. Италијанскиот весник „Кориере дело спорт“ пишува дека натпреварите би можеле да траат многу подолго од вообичаено поради „мртвото време“.

Терминот „мртво време“ ги подразбира оние минути кога всушност не се игра фудбал, туку тоа време се троши на изведување слободни удари, аути, прекини, измени, повреди…

Неодамнешното истражување покажува дека од 90 минути, само 54,61 минути се всушност одиграни ефективно. Италијанците затоа пишуваат дека натпреварите би можеле да бидат продолжени за најмалку 10 минути за да се надомести „украденото време“.

Една од поважните причини е што тимовите ќе имаат право на пет измени, што е големо губење време.

By Author