Светскиот шампион во бокс, Флојд Мејведер, ќе ги вкрсти ракавиците во егзибициската борба со 26-годишниот Логан Пол, боксер и актер, а на официјалната прес-конференција дојде до жесток конфликт.
Прес-конференцијата што требаше да биде промоција на натпреварот се претвори во кавга и борба помеѓу Мејведер и братот на Логан, Џејк Пол,ѕвезда на Јутјуб и неодамна боксер.
Мејведер и Пол разменија неколку удари пред да ги разделат.
„Ќе те убијам“, рече Мејведер, а Џејк, од друга страна, обвини еден од неговите телохранители дека ја искористил можноста да го удри во окото.
Да потсетиме, Мејведер ја освои титулата светски шампион во пет различни категории во својата професионална кариера од две децении, и постигна резултат 50-0, при што 27 од тие 50 добиени борби завршија со нокаут.