Легендарниот голман Икер Касиљас имаше интересен коментар за својот поранешен соиграч.

Карим Бензема три пати ја погоди мрежата на Челзи во средата навечер за 3:1 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Коло пред тоа постигна хет-трик во пресвртот против Пари Сен Жермен, во моменти кога се чинеше дека Реал е отпишан и дефинитивно надвор од конкуренција.

Со малку среќа и грешка на Џанлуиџи Донарума, „деветката“ на Реал воодушеви и покажа зошто 13 години игра на највисоко ниво во Мадрид.

„К9 е Спајдермен, К9 е Вулверин, К9 е твој вратар во зградата и ваш најдобар пријател. К9 е твојата баба, К9 е претседател на САД. К9 е твојот придружник со падобран. К9 е твојот ангел чувар. К9 е Бог. “, вели Касиљас.

Потсетуваме, Бензема во Реал пристигна во 2009 година од Лион, а досега во „кралскиот клуб“ на 595 натпревари постигна 316 голови.

By Author