Од почетокот на натпреварот кој не ветуваше многу, во вториот дел видовме неверојатна и голема драма. Аргентина до десеттата минута од судиското надополнување имаше билет за полуфиналниот меч, но после тоа Холандија значително го искомплицира натпреварот и го внесе во продолженија. Таму, по 2:2 во 90. минута, мрежата остана мирна, а победникот го добивме по изведување пенали (3:4).
Хрватските фудбалери го совладаа Бразил, а Холандија не успеа да направи изненадување и да ја испрати дома Аргентина, која натпреварувањето ќе го продолжи во полуфиналето, а „лалињата“ се враќаат дома.
Двете екипи влегоа со грч во натпреварот, немаше поголеми возбудувања на двете страни, до средината на првото полувреме. Потоа со фантастично додавање Лионел Меси го запосли Нахуел Молина, кој излезе сам пред Андрис Ноперт и ги доведе сино-белите во водство во 35. минута.
Избраниците на Луис Вангал одиграа многу поангажирано откако примија гол, но сепак не успеаја да шутираат во голманскиот простор, а Аргентина сосема заслужено имаше предност на полувремето.
На почетокот од второто полувреме се гледаше доста тврда игра. Аргентина добро го затвори патот до својот гол, и немаше потреба да брза напред. Мирно беше до 73. минута кога Дензел Дамфрис го собори Маркос Акуња и судијата покажа на белата точка, Лионел Меси беше изведувач на најстрогата казнаи и го постигна својот 10. гол за националниот тим.
Во 83. минута Воут Вегхорст беше највисок во скокот по центаршут од десната страна, кој со фантастичен удар со глава успеа да внесе драма во натпреварот. Истиот играч имаше уште една прилика само една минута подоцна, погодувајќи ја мрежа однадвор.
Големо бура во 88. минута. Ваквите слики немаат место на Светското првенство, Леангро Паредес доби жолт картон по грубиот старт, а потоа ја шутна топката кон играчите од Аргентинската клупата, по што следеше метеж меѓу играчите, а Ван Дајк дури се обиде да удри еден од играчите на трева со тупаница.
Кога се чинеше дека Холандија ќе си оди дома, следеше шок за Аргентина. По прекинот крај шеснаесетникот решија да го збунат противникот со „финта“, додавањето помина покрај „живиот ѕид“, а потоа Вегхорст со вториот гол го испрати мечот во продолженија!
Лаутаро Мартинез се закани во 114. минута, погодувајќи го Вирџил ван Дајк во глава, а минута подоцна Енцо Фернандез шутираше над гредата. Возбудливо беше и во 120. минута, кога најпрвин Ди Марија од корнер шутираше во голот, а потоа одлично шутираше Енцо Фернандез, кој ја погоди стативата. По дополнителни 30 минути немаше голови, натпреварот отиде во пенали.
Вирџил ван Дајк прв ја презеде одговорноста, но неговиот удар го одбрани Емилијано Мартинез. Меси беше прецизен. Втор изведувач беше Бергоист, но и него Мартинез му одбрани пенал. За аргентинската селекција погоди и Леандро Паредес, за Холандија прв погодија Теун Компинерс, а за „гаучосите“ Гонзало Монтиел, Бегорст беше прецизен во четвртата серија, а Енцо Фернандез не. Лук де Јонг со гол ја отвори петтата серија, а Лаутаро Мартинез ја однесе Аргентина до полуфиналето.