Страшен инцидент го одбележа стартот од трката за ГН на британијаво Ф1.

На стартот на трката во Формула 1 за Големата награда на Британија, која се вози на легендарната патека Силверстоун, се случи страшна несреќа. Црвеното знаме беше подигнато веднаш, по инцидентот во кој се преврте автомобилот на Гванју Жу.

Во големиот инцидент беа вклучени и Џорџ Расел, Александар Албон и Јуки Цунода, кои сепак ја продолжија трката. Болидот на Жуа се превртел по судирот со Расел, а возачот летал на патеката наопаку и се чинеше дека тоа ќе остави трајни последици. За среќа, Алфа Ромео потврди дека кинескиот возач е добро и сега се наоѓа во медицинскиот центар, на дополнителни прегледи. Слична несреќа имавме и во Формула 2, кога ореолот му го спаси животот на Израелецот Рој Нисан, а сега изгледа дека ореолот повторно го спасил возачот од тешки повреди.
Титулата херој на денот ќе ја земе Расел! Можел да продолжи да вози, но истрчал од автомобилот за да му помогне на несреќниот Кинез.

Поради тоа што се случи со автомобилот Алфа Ромео, Расел не можеше многу да помогне бидејќи пред него имаше заштитна ограда, но неговиот гест не остана незабележан. Камерите го снимиле моментот кога тој излегол од автомобилот кој повеќе не можел да тргне.

А правилата велат дека тој што нема да го внесе својот болид во боксот откако ќе се покажат црвените знамиња на трката, не може да вози во остатокот од трката. Иако Расел сакаше да ја продолжи трката, а неговиот болид беше во доволно добра состојба за такво нешто, трката заврши за Џорџ кога застана да му помогне на колегата кој доживеа неверојатен инцидент.

By Author