Се сели во Саудиска Арабија.
Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, на крајот на сезоната ќе го напушти клубот од Рим, бидејќи планира да прифати понуда од неименуван тим од Саудиска Арабија, пренесува „Скај Италија“.
Мурињо (60) ја презеде Рома во 2021 година, а со „волчицата“ има договор до крајот на сезоната. Тој ја освои Конференциската лига со италијанскиот клуб во 2022 година. Рома моментално е во серија на лоши резултати, бидејќи моментално се наоѓа на десеттото место на табелата во Серија А со 11 бодови.
„Скај Италија“ пренесува дека Мурињо нема ни да преговара за нов договор и на крајот на сезоната ќе ја напушти Рома. Тој наводно има понуда од клуб од Саудиска Арабија, кој е подготвен на португалскиот стручњак да му понуди 120 милиони евра за двегодишен договор.
Мурињо претходно беше тренер на Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Челзи, Реал, Интер, Порто и Леирија.