Нервоза после новото фијаско во Мадрид.
Пари Сен Жермен беше на прагот од четвртфиналето во Лигата на шампионите, истури се и тоа го налути првиот човек на клубот.
Во Мадрид го предводеше ПСЖ со вкупни 2:0, но реши хет-трикот на Бензема.
Со 3:1 или вкупни 3:2 Реал се пласираше во четвртфиналето.
Карим Бензема постигна хет-трик за 17 минути и титулата европски првак останува сон за парижаните.
Сопственикот на клубот Насер Ал Келаифи ги обвини судиите за фијаското, пренесуваат шпанските медиуми.
Тие објавија дека Ал-Келаифи и Леонардо дошле во судиската соблекувална, жалејќи се на незаслужениот фаул на Бензема над Донарума, по што Реал Мадрид го израмни резултатот.
Наводно, тие им викале на судиите и удирале по соблекувалната, а еден од функционерите на Реал Мадрид се обидел да го сними.
Шпанското радио „Копе“ пренесува дека дури тогаш Ел-Келаифи полудел и го нападнал.
Викал „Ќе те убијам“, а телохранителите на милијардерот од Катар успеајале навреме да го спречат, додека Леонардо го убедил Реал Мадрид да избрише се што е снимено, пренесуваат шпанските медиуми.