Драмата околу Супер лигата не завршува дури и откако целиот проект пропадна.Имено остатокот од Серија А не сакаат туку така да преминат преку предаството на Интер, Јувентус, и Милан.Бидејки истите биле спремни да ги занемарат интересите на сите останати клубови во Серија А и се тоа заради повеќе пари па така веќе 11 клубови потпишаа писмо во кое изразуваат потреба да се свика итен состанок.
Членови на Серија А Рома, Торино, Болоња, Парма, Џенова, Каљари, Сампдорија, Сасуоло, Ла Специја, Беневенто и Кротоне, ја наведоа како причина за тоа „анализа на сериозните дејствија кои беа извршени од сродните клубови Јувентус, Интер и Милан и нивните администратори и последиците поврзани со тоа“. Јувентус, Интер и Милан исто така се критикувани дека сеуште не се формално и официјално излезени од проектот “Суперлига”, а потписниците на изјавата, заедно со објаснувањата, исто така, бараат санкции.
Истите клубови се исто така дел од фронтот што се залага за прилив на пари во Серија А преку проект смислен од Дал Пино и кој би им донел 1.700.000.000 евра на италијанските клубови. Проектот, за кој Собранието првично гласаше едногласно, а кој подоцна ја загуби поддршката од Јувентус и Интер, а клаузулата во прелиминарниот договор беше клубовите да не поддржуваат нови натпреварувања како на пр. Суперлигата во следните десет години, бидејќи првенството последователно ќе ја изгубеше својата привлечност. За разлика од 11 споменати клубови, кои бараат специфични санкции за Јувентус, Интер и Милан, Наполи, Лацио, Фиорентина, Аталанта, Удинезе и Верона не сакаа да го стават својот потпис на иницијативата.