Никој не го очекуваше ова. Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го заврши учеството на УС Опен со пораз од 3:1 во осминафиналето од локалниот тенисер Френсис Тиафо.

Тиафое беше подобар по четири сета со резултат 6:4, 4:6, 6:4, 6:3.

Американецот на тој начин направи голема сензација и го спречи Надал да го освои својот 23. Грен слем.

Тиафо одигра неверојатен меч, ја забележа најголемата победа во кариерата и го обезбеди првото учество во четвртфиналето на еден од Грен слемовите. Американецот беше фокусиран од самиот старт на мечот, сигурно го одржа својот сервис, наиде на послаб сервис гем на Надал и при резултат 4:3 направи клучен брејк за да го добие првиот сет со 6:4.

Вториот сет беше речиси реприза на првиот дел од играта, само во изменети улоги. Немаше брејк за ниту еден тенисер, но Тиафое прв попушти, во 10. гем, кога Надал ја искористи втората брејк можност и возврати исто.

Надал беше на раб, но Шпанецот тогаш е најопасен. Тоа се покажа и на стартот од четвртиот сет, кога Рафаел стигна до брејк веќе во вториот сервис гем на Тиафо. Сите очекуваа дека шпанскиот тенисер по којзнае кој пат ќе се „крене од пепел“ и ќе го внесе мечот во решавачкиот сет, но домашниот тенисер имаше поинакви планови.

Тиафо го издржа тој наплив, а потоа со третиот брејк во сетот го доби тој дел од играта со 6:3 и обезбеди влез меѓу осумте најдобри во Њујорк.

За пласман во полуфиналето ќе се бори против Андреј Рубљев, кој со максимален резултат го елиминира Камерон Нори.

By Author