Заврши неверојатната серија на Ига Швјонтек. Најдобрата светска тенисерка, рекет број еден е поразена во третото коло на Вимблдон од Французинката Ализе Корне со 2:0 во сетови, 6:4, 6:2.

Со оваа победа, Корне ја прекина неверојатната серија на Швјонтек од 37 победи кои се рекорд на 21 век. Претходниот рекорд и припаѓаше на Венус Вилијамс. Американката забележа 35победи по ред.

Ига серијата ја започна на 16 февруари во второто коло на Катар Опен. Оттогаш, Полјакината освои седум турнири, вклучувајќи го и Ролан Гарос.

Корне со оваа победа го повтори својот успех од 2014 година, кога стигна до четвртото коло на Вимблдон. Интересно, таа во третото коло ја елиминираше Серена Вилијамс, која тогаш беше број 1 на ВТА листата.

Од самиот старт на натпреварот беше јасно дека Ига ќе биде во неволја бидејќи му дозволи два брејка на противникот за водство од 3:0. Таа успеа да се опорави и да врати еден брејк, но не и вториот, па Французинката, која неодамна го шокираше тенискиот свет признавајќи дека многу тенисерки играле на Ролан Гарос заразени со коронавирус, го доби овој дел од натпреварот со 6:4.

За разлика од првиот, вториот сет започна добро за најдобрата тенисерка на светот. Поведе со 2:0 на стартот и кога се очекуваше да се врати на победничката патека – застана. Корне ги доби следните шест гема и стигна до победата со што ја прекина неверојатна серија на својата противничка.

Корне во битката за четвртфиналето ќе игра против Ајла Томљановиќ.

By Author