Драмата само што почнува.
Кошаркарите на Барселона го одложија патувањето во Русија, каде во петок требаше да играат со Зенит од Санкт Петербург, а в недела со ЦСКА во Москва, јавуваат шпанските медиуми.

Како што се наведува, каталонскиот тим одлучил во последен момент на аеродромот да не се качуват во авионот .

Воедно, за петок напладне е закажан итен состанок на 18 клубови учесници во Евролигата, со цел да се донесат важни одлуки имајќи ја предвид кризата во Украина.

By Author