Полицијата со опрема за немири упадна на митинг во центарот на Отава во петокот, отстранувајќи стотици демонстранти со камиони.

Работниците денеска почнаа да креваат ограда пред парламентот во канадската престолнина, а полицајците втор ден по ред им делат предупредувања на демонстрантите да се разотидат, додека во областа пристигнаа полни автобуси со нови полициски сили, пренесува АП.

Според податоците од вторникот, објавени од властите во Отава, околу 360 возила се уште се вклучени во блокадата на центарот на градот, што е пад од 4.000 колку што имало, а многу жители на Отава се незадоволни од нивната слобода на движење.
„Крајно време е да се запрат овие незаконски и опасни активности“, рече премиерот Џастин Трудо пред парламентот.

Тој изјави дека поради протестот на камионџиите „се загрозени канадската економија и односите со трговските партнери“, а нагласи дека тие се закана за јавната безбедност.

Многу демонстранти во самопрогласениот „конвој на слободата“ реагираа на овие предупредувања со потсмев и рекоа дека нема да се откажат од своите цели, наведува АП.

Отава е последното упориште на ова движење, по неколкунеделни демонстрации и блокади кои ги затворија граничните премини на Канада и САД, нанесоа економска штета на овие земји и предизвикаа политичка криза за премиерот Трудо.

By Author