Кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ ноќеска направи нешто што само големиот Мајкл Џордан можеше да го направи пред повеќе од 30 години.
Никола Јокиќ доминираше на првиот натпревар од финалето на НБА, откако со трипл-дабл учинок го предводеше Денвер до победа од 104:93 над Мајами Хит.
Со учинокот од 27 поени, 14 скока и 10 асистенции, Јокиќ со што собори неколку рекорда, испиша историја и затоа што е само втор пат по Џејсон Кид некој да оствари трипл-дабл на дебито.
Сепак, еден се издвојува бидејќи тоа е „Неговото летечко височество“ Мајкл Џордан
Јокиќ стана и првиот играч по Мајкал Џордан кој во дебитантскиот меч беше најдобар стрелец и најдобар асистент на играта, а со 14 додавања постави апсолутен рекорд во финалето.
Според ESPN, Јокиќ е само вториот кошаркар во историјата со најмногу поени и асистенции на двете екипи во своето деби во НБА финалето.
Првиот што го направи тоа на деби беше Мајкл Џордан во 1991 година.
По натпреварот имаше интересен „настап“ на конференцијата.
Првото прашање го постави репортерот на локалниот весник „Денвер газет“, а Јокиќ гледајќи низ конференциската сала додека го слушаше. Кога новинарката заврши, следеше хит реакција на Јокиќ.
„Каде е типот што ми го поставува прашањето, никаде не можам да го видам.
Кога новинарот го контактирал, Јокиќ му одговорил со „благодарам брат“.
Потоа имаше необичен момент.
Новинарот прокоментирал дека бил во Белград на тврдината Калемегдан и го прашал Јокиќ дали слушнал за неа, на што Јокиќ ги преврте очите и рече дека нема поим, а потоа ноншалантно премина на прашањето.
Јокиќ се пошегуваше така, иако беше мртов сериозен како што само тој знае и веројатно збуни многумина, бидејќи тешко дека некој во Србија не слушнал за Калемегдан.
Вториот натпревар од финалето е закажан за ноќта меѓу недела и понеделник во 14 часот по европско време.