Александар Зверев денеска се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос откако ја совлада шпанската тениска сензација Карлос Алкараз со резултат 3:1, по сетови 6:4, 6:4, 4:6, 7:6.
Третиот тенисер во светот кој игра под германско знаме го уништи младиот Шпанец со своите сервиси. Асовите и процентите од првите поразителни сервиси и дозволија на новата тениска сензација само три брејк топки во првите два сета, а Зверев ги спаси и тие три.
Искуството од Грен слем турнирите и играњето големи мечеви и притисокот на важни поени, како денес да беше тасот на вагата која преовлада на страната на Зверев. Алкараз во ниту еден момент не делуваше инфериорно на теренот, но неговиот ривал играше онолку колку што требаше и кога требаше ѓи искористи три брејк топки од вкупно пет и освои два капитални сета во четвртфиналето на Отвореното првенство на Франција. .
Младиот Шпанец најде ментална сила во себе и успеа да го земе следниот сет и да ги оживее своите соништа за Грен слем финале.
Сепак, Зверев набрзо безмилосно ги уништи сите негови фантазии и го испрати Алкараз дома во тесен тај-брејк во четвртиот сет.
Треба да се напомене и дека Карлос Алкараз важеше за прв фаворит на Ролан Гарос, според проценките на обложувалниците. Таа улога барем за кратко ќе ја преземе Новак Ѓоковиќ, кој од 20:45 часот ќе го одигра четвртфиналниот меч со Рафаел Надал.