Реал Мадрид и Ливерпул ќе се сретнат во финалето на овогодинешната Лига на шампиони, но ќе биде и голема борба меѓу Карим Бензема и Сади Мане, двајцата главни кандидати за освојување на Златната топка.

Клоп беше запрашан за ова на неговата прес-конференција пред натпреварот, а Германецот беше јасен дека секој играч кој не се вика Лео Меси или Кристијано Роналдо обично мора да победи во финалето на Лигата на шампионите за да има шанса да ја освои Златната топка.

Трофејниот тренер беше прашан и дали некој од овие двајца играчи на крајот ќе ја освои Златната топка.

„Кога ќе размислите како се добиваат овие натпреварувања, тогаш веројатно ќе го направат тоа“, изјави Клоп.

„Или си Роналдо или Меси или си славел во финалето на Лигата на шампионите за да ја освоиш Златната топка. Мислам дека тоа е единствениот начин да се дојде до таа титула. Така беше во последните години. Значи, победа значително би ги зголемила шансите на еден од овие двајца фудбалери“, јасен е Клоп.

Големото финале се игра денес на „Стадионот на Франција“ со почеток од 21 часот, а главен судија на натпреварот ќе биде Французинот Клемент Турпен. Реал Мадрид ќе ја бара својата 14-та, додека Ливерпул ќе ја бара седмата титула на Стариот континент.

By Author