Пет репрезентации од бившите Југословенски простори се пласираа на Европското првенсво во кошарка. Завршија натпреварите по групи и од пете репрезентации четири се пласираа во осмина финале, само репрезентацијата на Босна и Херцеговина не избори пласман.
Словенија со Белгија, Хрватска со Финска, Црна Гора со Германија и Србија со Италија ќе се борат за влез во четврт финале
Селекторот на италијанската кошаркарска репрезентација Џанмарко Поцеко изјави дека верува оти неговата репрезентација може да ја победи Србија во осминафиналето на Европското првенство што се игра во Берлин, пренесува „Баскет њуз“.
Србија го освои првото место во групата Д со сите пет победи, додека Италија го освои четвртото место во групата Ц со три триумфи и два порази.
– Многу ја почитувам Србија, пораснав гледајќи југословенска кошарка. Сепак, имам голема верба во моите играчи, тие имаат големо срце и ќе одам секаде со нив. Знаеме дека ќе биде тешко, Србија е одлична репрезентација, но со оваа група момци сум подготвен на се – изјави Поцеко.
Тој истакна дека е горд на италијанските кошаркари.