Фудбалерите на Интер ја прекинаа деветгодишната доминација на Јувентус и ја освоија титулата во Италија по 19-ти пат во историјата.

Еден од најзаслужните е Ромелу Лукаку. Белгискиот напаѓач ќе ја памети оваа сезона, освен по бројните голови со кои му донесе бодови на својот тим, и по конфликтот со Златан Ибрахимовиќ за време на градското дерби со Милан.

По едно дерби, Лукаку напиша дека тој е „новиот крал во градот“. Ибрахимовиќ мораше да чека на следното дерби и победа за да испрати јасна порака: „Милан никогаш немал крал, има само Бог“.

https://twitter.com/RomeluLukaku9/status/1389237257345830913

Белгиецот ги дочека своите пет минути, па откако ја освои титулата, го пецна Ибрахимовиќ: „Вистинскиот Бог го круниса кралот. Сега поклони се! Крал на Милано“.

Ибрахимовиќ ќе мора да биде трпелив до следната сезона и да бара шанса за одмазда.

By Author