Селекторот беше расположен по феноменалната партија на орлите во Осло
Селекторот на српската репрезентација Драган Стојковиќ Пикси е веројатно омилената личност во Србија ден по победата на „орлите“ над Норвешка на гостински терен.

Србија на Халанд и тимот им одржа фудбалска лекција на нивен терен, а победата im донесе пласман во А дивизијата на Лигата на нации, обезбеди најмалку плеј-оф за ЕУРО 2024 во квалификациите, како и полесна ждрепка во квалификациите и вториот шешир

Тренерот Стојковиќ блескаше по победата и истакна дека е сосема заслуженa со добра игра и доминација на теренот.

– Пред да кажам нешто за натпреварот, денес е многу убав ден, големиот празник Крстовдан, роденден на син ми Марк и победи Србија. Сè се сложи како што треба. Што се однесува до натпреварот, и во Белград рековме дека овој натпревар ќе решава, чекавме да донесеме пресуда. Мислам дека доминиравме со играта, пристапот, техничките работи кои постојано ги повторуваме. Стилот на фудбалот што го играме јасно му прави проблеми на противникот, сосема заслужена победа. Не е лесно да се игра овде, но успеавме да го направиме она што го сакавме – изјави Стојковиќ за веб-страницата на Фудбалскиот сојуз на Србија.

Големата дилема во Србија со години беше дали може да се игра со двајца шпицови и дали Влаховиќ и Митровиќ функционираат заедно на теренот, бидејќи се слични типови на играчи, а Пикси на дело ги смири сите и докажа дека такво нешто е можно, но и погубно за нивните ривали, што Швеѓаните и Норвежаните го почувствуваа на своја кожа.

– Тогаш мора да е добар тренер – се пошегува Пикси по прашањето како успеал да ги вклопи Митровиќ и Влаховиќ да функционираат беспрекорно, а потоа објасни се.

– Ги имаме тие играчи и навистина би било штета некој да остане на клупата, само затоа што тренерот замислил систем со еден напаѓач. Не се согласувам со тоа, мислам дека свое место во репрезентативниот дрес треба да имаат квалитетни играчи, кои имаат голем потенцијал. Среќен сум за Митровиќ кој го постигна својот 50-ти јубилеен гол и среќен сум за Влаховиќ кој им се приклучи на стрелците и го отвори натпреварот постигнувајќи го првиот гол. Но, не се работи само за головите, тие заслужуваат секаква пофалба за нивното однесување и нивната борбеност и тимска работа.

Италијанските медиуми му порачаа на Алегри да ги гледа натпреварите на Србија, да види како треба да се вклопат Костиќ и Влаховиќ.

– Па, на прв поглед напишаното е импресивно, но не верувам дека ќе ме праша нешто, ниту има потреба, тој е искусен и трофеен тренер. Мило ми е што кога ќе дојдат овде играат како што јас сакам. Како играат во клубовите, тоа не ме загрижува премногу.

Пикси ја спомна и атмосферата што ја направија во репрезентацијата.

– Факт е дека успеавме да направиме добра атмосфера уште од првиот ден, средина би рекол, за сите да бидат растеретени што се однесува до нивните кариери, дека се среќни и насмеани и дека кога играат за Србија го дадат својот максимум. Го покажуваат тоа и мило ми е.

На крајот интервјуто заврши со интересна изјава и шега дека Пикси сепак нашол рецепт за Халанд и дека има вештина за готвење.

– Да, се чини дека можам да бидам и готвач. Тука нема голема филозофија, освен првата минута, морам да кажам дека кога ја имаше таа шанса, нашата дефанзивна линија беше одлично расположена да не примиме гол, делувавме хомогени како тим и затоа Халанд всушност не беше во игра.

By Author