Возачот на Дукати, Франческо Багнаја победи на првата трка од новата сезона во Мото ГП во Португалија.

На третото место на целта мина Марко Бецеки со заостанување од 2.726 секунди од победникот.

Трката ја одбележа инцидентот во кој Марк Маркез доцна закочи во еден свиок и дојде во контакт со Хорхе Мартин и Оливеира, а Оливеира падна и заврши на патеката.
Поради овој инцидент Маркез ќе биде казнет за следната трка.
Шампионатот во Мото ГП продолжува со трката за ГН на Аргентина на 2 април.

By Author