Шпанскиот тенисер Рафаел Надал потсети дека секој ден живее со повредата на стапалото која не го спречува да победи.
Надал успеа да се пробие до осумте најдобри играчи во Мадрид, а новинарите се интересираа за состојбата на неговите стопала.
„Не грижете се, доколку ме гледате секојдневно, немаше да се грижите бидејќи и онака многу кривам. Секогаш чувствувам болка во стопалото, особено по одигрување на тричасовен натпревар или долг тренинг. Па нормално е да одам малку полошо“, ги смирува Надал своите фанови.
„Имам хронична повреда на стапалото за која нема лек. Тоа е дел од мојот живот и негативна страна кога не можам брзо да го завршам натпреварот“, додаде Рафа.
Тој во петок попладне во четвртфиналето на Мастерсот во Мадрид ќе игра против Карлос Алкараз и тој меч има потенцијал да трае.
На некој начин е добро кога играм долги натпревари бидејќи по долга пауза на моето стапало му треба многу повеќе за да се здобие со физичка сила за да се натпреварувам.Но, свесен сум и што ме чека утре, бидејќи се будам со повеќе проблеми и морам да го прифатам тоа и да се соочам“, заклучи Рафаел Надал.