Се огласи претседателот на Србија на Инстаграм
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на Инстаграм се огласи по повод средбата со Миролсав Лајчак и други европски претставници, на која тема беше Косово и Метохија.
– Разговор за иднината на Србија, а никакво признавање на Косово нема да има!
– Во моментов разговарам со специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина и други регионални прашања на Западен Балкан @miroslav.lajcak и со советниците за надворешна и безбедносна политика на Република Франција и Сојузна Република Германија. Емануел Бон и Јенс Плетнер, секогаш подготвени за компромисни решенија, во согласност со Уставот на Република Србија и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН. Нема откажување! Да живее Србија! – напиша Вучиќ на Инстаграм.