Верстапен е незапирлив: „Летечкиот Холанѓанец“ славеше во катарската пустина, трката ја одбележа инцидент на Мерцедес. Возачот на Ред Бул и актуелен шампион во Формула 1, Макс Верстапен, победи на бурната трка за Големата награда на Катар.
Незапирливиот Холанѓанец на тој начин ја забележа својата 14-та победа сезонава, од 17-те трки што се извозени во Формула 1 шампионатот оваа сезона.
Веќе на стартот се судрија возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Џорџ Расел, по што Хамилтон отпадна од конкуренцијата, а Расел падна на грб (од каде што со одлично возење се искачи до четвртото место).
Возачите на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис ги освоија второто и третото место.
Верстапен, Холанѓанецот кој ги водеше скоро од почеток до крај, само накратко го загуби првото место по првиот пит стоп. И сите возачи мораа (не сакаа, но мораа) да одат до „боксот“ три пати.
Причина? Безбедност:
Кога беше откриено дека гумите на Пирели се премногу чувствителни при големи брзини на патеката Лусаил и нејзините „ивичњаци“, беше донесена одлука дека на еден сет гуми може да се извозат максимум 18 круга, а потоа мора да се оди кај механичарот за нов.
А, во таа „тргни-запи“ трка, Верстапен уште еднаш се снајде најдобро, славејќи на најдобар начин супериорно освоена титула.
Следната трка ќе се одржи во Остин на 22 октомври, кога ќе се натпреварува за Големата награда на САД.
„Генерален пласман“ на возачи: 1. Макс Ферстпен (Ред Бул) 433 поени, 2. Серхио Перез (Ред Бул) 224, 3. Луис Хамилтон (Мерцедес) 194, 4. Фернандо Алонсо (Астон Мартин) 183, 5. Карлос Саинц (Ферари) 153, 6. Шарл Леклер (Ферари) 145, 7. Ландо Норис (Мекларен) 136, 8. Џорџ Расел (Мерцедес) 132) …
„Генерален пласман“ на конструктори: Ред Бул 657 бодови, Мерцедес 326, Ферари 298, Астон Мартин 230, Мекларен 219…