Шок каков никој не очекуваше.

Наместо 2022 година да го означи почетокот на ерата на Барти, се чини дека ќе ја паметиме по повлекувањето на најдобрата тенисерка на планетата.

Ешли Барти реши да се прости од тенисот на 25 години откако го освои Грен слем на секоја подлога. По „Барти забавата“ во родната Австралија, оваа девојка решила дека и е доста од тенис. Таа веќе еднаш се повлече од тенисот заради крикет.

Австралијката објави се на социјалните мрежи со порака дека го напушта тенисот „за да продолжи да брка други соништа“.

“Среќна сум и подготвена да го направам тоа. Знам дека во овој момент во моето срце, за мене како личност, ова е вистинската работа”, вели таа во видеото.

Таа по 44 години стана првата домашна играчка која славеше на Австралија опен, а претходно го освои Ролан Гарос во 2019 година и Вимблдон.

Не бев сигурен како да ја споделам оваа вест со вас, па го замолив мојот добар пријател (поранешната тенисерка Кејси Делаква) да ми помогне. Благодарна сум за се што ми даде овој спорт и се чувствувам горда и исполнета. Ви благодарам на сите што ми пруживте поддршка на овој пат.Секогаш ќе бидам благодарна за животните искуства што ги создадовме заедно“, рече Барти.

Таа објасни дека е „целосно исцрпена“ и дека „физички повеќе не може да игра тенис“.

Едноставно е без преседан во историјата што тенисерка на 25 години решила да каже дека и е доста од оваа игра. Особено не да го направи тоа по втор пат во кариерата. Барти на почетокот на годината го освои Австралија опен и со тоа ги симна од плеќите големите очекувања на јавноста, а потоа се чинеше како веќе да нема мотив да продолжи.

Барти не само што е прва на ВТА листата, туку и убедливо е пред сите други играчи. Во моментов има 7.980 поени, повеќе од 2.000 повеќе од второпласираната Ига Швојонтек од Полска. Барти во кариерата освои 15 титули, заработи 23,8 милиони долари и има скор од 305 победи и 102 порази.

Таа беше одлична натпреварувачка и во двојки, иако очекувано, синглот беше примарен фокус.

Таа три години по ред заврши како најдобар играч на светот.

By Author