Успесите донесоа уште поголеми трошоци, премии, а клубот е во финансиска криза, па претседателот побара од играчите да се откажат од своите плати.
Лукаку, Коларов и неговиот тим претходно ветија дека ќе се откажат од премијата во случај да ја освојат титулата, а сега од нив се бара да одат чекор понапред.
Претседателот Стивен Жанф побара од играчите да се откажат од своите плати два месеци.
Според „Газета дело Спорт“, состанокот траел околу 45 минути.
На кои биле сите играчи но не и тренерот Антонио Конте.
Истиот извор наведува дека секој играч ќе одлучи одделно дали ќе го одобри барањето.
Интер годишно издвојува околу 4,1 милиони евра за плата на еден играч.
Доколку се откажат од платата претседателот е подготвен да плати бонуси.