Дури ни предноста што ја имаа во еден момент од 18 поени Партизан не усеа да го однесе во Ф4 Евролигата.

Како што одеше цела серија, така и заврши. Реал и Партизан одиграа возбудлив натпревар во фазата од најдобрите осум. Во поголемиот дел од мечот српскиот претставник имаше двоцифрена предност, но таа се стопи во последниот дел, а Реал победи со 98:94.

Реал Мадрид и Партизан го одиграа и петтиот меч од Топ 8 фазата, а по таа маестрална партија сосема разбирлива беше големата насмевка на тренерот на Мариѓан, Хесус „Ќус“ Матео.

Да потсетиме, Партизан водеше со 18 разлика во Мадрид и загуби, по што Матео беше запрашан за време на интервју за Евролига ТВ – што им порача на своите играчи на полувремето:

– Им кажав дека мора да веруваме. Ајде да се бориме. Затоа што овој (чудесен пресврт) се има случено и порано. Се вративме во третата четвртина. Беше многу емотивно… Возбудени сме и сега. Се вративме благодарение на ветераните кои знаат да се борат. Беше импресивно, но тоа ви е Реал Мадрид. Се мачевме од септември до сега со многу работи, повреди, притисок кој секогаш лежи на рамениците на луѓето во Реал. Но, вечерва прво ќе славиме, па ќе зборуваме низ што сме поминале и што следува, полека и во мир – изјави стратегот на мадриѓаните пред да се упати кон соблекувалната.

By Author