Организаторите на Роланд Гарос споделија на социјалните мрежи промотивен постер во вид на најава за Грен слем турнирот кој ќе се одржи од 22 мај до 5 јуни во Париз.
Но, многумина го забележаа фактот дека на него го нема актуелниот шампион Новак Ѓоковиќ, што беше протолкувано како своевидно непочитување кон него.
На промотивниот плакат е Стефанос Циципас, моментално петтиот тенисер во светот, а како објаснување некои фанови понудија дека Гркот личи на модел и затоа беше интересно да го посочат одговорните за маркетинг.