Фудбалерите на Ајнтрахт од Франкфурт ја победија Барселона во реванш натпреварот од четвртфиналето на Лига Европа со 3:2.
Откако првиот натпревар заврши нерешено 1:1, Ајнтрахт се пласираше во полуфиналето на натпреварувањето со целосна сензација на Камп Ноу.
Јунак на победата на германскиот клуб беше српскиот репрезентативец Филип Костиќ како двоен стрелец за Ајнтрахт.
Барселона беше многу опасна само во последните петнаесет минути и се закануваше, промашуваше, и да играше така од првата минута, прашање е дали епилогот ќе беше ваков.
Така, натпреварот беше катастрофален за тимот на Чави Ернандез, чија Барса имаше активен резултат по натпреварот од Франкфурт.
Затоа беше фаворит пред реваншот, но момците на Оливер Глазнер, деветти во Бундеслигата, имаа многу појасен план за победа.
Веќе на почетокот, во третата минута, Јеспер Линдстром, покрај Ерик Гарсија, во третата минута успеа да изгради позиција во шеснаесетникот на Барселона, а Гарсија го повлече одзади.
Тој доби жолт картон, а Ајнтрахт доби пенал. Филип Костиќ ја намести топката, нафрли и шутираше во долниот десен агол.
По четири минути семафорот гласеше 1:0 за Ајнтрахт, а неколку илјади навивачи на германскиот тим беа во транс.
Барселона одговори со поагресивна и помотивирана игра во следните минути, Барса ја држеше топката, доминираше во поседот, но имаше само две шанси и немаше вистинска креација.
Ајнтрахт се ослободи од притисокот посе пола саат иигра и следеше повторно шок.
Вториот гол за Франкфурт го постигна Боре во 36. минут.
Вторите 45 минути започнаа со подобра игра на Барселона, во чиј дрес на теренот се појави и Френки де Јонг. Обамејанг промаши чист зицер во 48. минута кога Дембеле го најде на три метри пред празната мрежа.
По гужвата во 55. минута, Барселона можеше уште еднаш да постигне гол и не ја искористи шансата.
После тоа, Каталонците накратко се надеваа на пенал, бидејќи еден од играчите на Ајнтрахт играше со рака во својот шеснаесетник, но судијата не ни размислуваше, а имаше и привремени проблеми со ВАР системот.
Таа пауза од околу пет минути како да го спушти темпото на Барса. Костиќ го искористи тоа и казнуваше на најсуров начин. Во 67. минута Костиќ го постигна вториот гол за огромни 3-0.
Де Јонг во 83 минута му ја додаде топката на Бускетс во општата гужва, и тој ја внесе топката во мрежата, а судијата Диас покажа на центарот.
Сепак, судиите од ВАР-собата реагираа и голот беше поништен поради офсајд. Пет минути подоцна шутираше Араухо, а Хинтерегер ја извади топката од гол линијата и го спречи голот на Барса.
Бускетс погоди вистинска „бомба“ на стартот од продолжението од девет минути, а потоа Н’Дика невнимателно стартуваше над ривалот во својот шеснаесетник.
Судијата покажа на белата точка во 100. минута и Мемфис Депај со многу среќа го постави конечниот резултат, но не можеше да направи чудо за Барселона.