Познатиот француски фудбалер Карим Бензема деновиве предизвикува бурни реакции, а една од нив е невиденото барање на француски сенатор – на легендарниот голгетер да му биде одземена „Златната топка“ која ја доби како најдобар фудбалер во светот во 2022 година.
Прво, потсетување дека искусниот ас, сега член на Ал Итихад од Саудиска Арабија, неодамна јавно ги коментираше страшните конфликти предизвикани од нападот на Хамас врз Израел. И, во таа прилика – шокираше многумина. Тој испрати порака за поддршка до палестинските жители на Газа:
„Нашите молитви се со жителите на Газа, кои повторно се жртви на неоправдано бомбардирање во кое не беа поштедени ниту жени ниту деца“, напиша поранешниот играч на Реал Мадрид.
Неговата отворена поддршка за Палестинците налути многумина. Поранешниот израелски голман Дуду Ауате бурно реагираше, споделувајќи ја објавата на Бензема на Твитер и брутално го навреди Французинот на пет јазици (француски, англиски, хебрејски, арапски и шпански):
„Кучкин сине“, напиша револтираниот Дуду.
אתה בן זונה גדול !
Tu e un gros fils de pute!
Ти си голем кучкин син!
انت ابن کابير للاهرة!
Eres un hijo de puta
🇮🇱🇺🇸 https://t.co/eDnOMFrlH4 — DuduAouate🇮🇱 (@RealDuduA) October 15, 2023
Но, тоа беше само почеток.
Најпрвин францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен објави дека Бензема е во контакт со „Муслиманското братство“, организација која повеќе земји ја сметаат за терористичка, вклучително и Русија – која, од друга страна, не крие дека единственото можно решение за актуелниот конфликт во Израел е прекин на непријателствата и формирање на независна палестинска држава.
А потоа на изјавата на Дарманен се надоврза и францускиот републикански сенатор Вали Бојер, кој побара на Бензема да му се одземе француското државјанство (роден е пред 35 години во Лион, Франција, во семејство на алжирски имигранти) и Златната топка. .
– Потребно е итно да се дејствува против оние кои постојано претставуваат закана за нашата земја – рече Боје.