Последните настани на Блискиот Исток го доведуваат во прашање гостувањето на фудбалските екипи од Европа во Израел.
Резултатите од првите натпревари од третото коло на квалификациите за Лигата на шампионите резултираа така да Црвена звезда и Макаби Хаифа се сретнат во плеј-офот.
За Лигата на конференции во Беер Шева к домашниот Хапоел го чека швајцарскиот тим Лугано.
Израелските медиуми пишуваат дека УЕФА денеска ќе одржи состанок на тема безбедност, а одлуката мора да биде донесена денеска бидејќи веќе во четврток треба да се одигра квалификацискиот натпревар за Конференциската лига во Бер Шева каде што домашниот Хапоел го чека швајцарскиот тим Лугано.
Израелците имаат големи 2:0 од Лугано, а очигледно е дека и тоа е причината за заседавањето на УЕФА, бидејќи Швајцарците гледаат шанса за себе во оваа ситуација можеби да поминат понатаму без борба.
Неофицијално, од Хапоел се подготвени натпреварот да се одигра некаде на делот од територијата на Израел кој не е под гранатирање на исламските екстремисти, но од Лугано бараат натпреварот да се пресели надвор од Израел.
Звезда треба да ја посети Хаифа на 16 или 17 август, а дотогаш ситуацијата на Блискиот Исток можеби ќе се смири, но сепак се ќе зависи од одлуката на УЕФА, бидејќи добро е познато дека Европската фудбалска унија има двојни стандарди кога таквите одлуки се во прашање.