На големата свечена гала по повод доделувањето на Златната топка во организација на Франс Фудбал, тимот на Манчестер Сити е прогласен за најдобар клуб во претходната натпреварувачка година, што е своевидно изненадување.

Иако ја освоија Премиер лигата, а потоа и Комјунити Шилд, фудбалерите на Манчестер Сити не успеаја повторно да го освојат трофејот во Лигата на шампионите.

Нешто бизарно, тие завршија во натпреварувањето токму пред минатогодишните финалисти од ова натпреварување – Ливерпул кој беше второрангиран и Реал трет.

Може да се каже дека сите во театарот во Париз со малку скептицизам го прифатија споменатиот избор, но сепак ништо не може да се одземе од успехот на Манчестер Сити, кој долго време беше во конкуренција за неколку трофеи.

By Author