ШВЕДСКИОТ атлетичар Арманд Дуплантис го освои златниот медал во скок со стап на Светското првенство во Јуџин, поставувајќи нов светски рекорд.

Дуплантис скокна 6 метри и 21 сантиметар. Американецот Кристофер Нилсен го освои среброто, Ернесто Џон Обиена ја освои бронзата

Олимпискиот шампион на тој начин го подобри за еден сантиметар рекордот што го постави во март на Светското првенство во сала во Белград.

Овој 22-годишен Швеѓанец ја освои последната голема титула што му недостигаше, бидејќи веќе е европски шампион, олимписки шампион и светски шампион во сала.

By Author