Фудбалерите на Аргентина се пласираа во четвртфиналето на Светското првенство совладувајќи ја Австралија. По голема драма и борба до последната секунда, натпреварот заврши со резултат 2:1.
„Гаучосите“ денеска остварија голема победа, Меси продолжи да сонува за освојување на Мундијалот во својот 1000-ти настап во кариерата, страсните Аргентинци направија нереална атмосфера на трибините на стадионот „Ахмед бин Али“, се оваа вечер беше како бајка за нацијата која живее за ова Светско првенство.
Меѓутоа, ако на фудбалот се гледа низ призмата на играта, играта на „гаучосите“ ни оддалеку не беше толку бајковита.
Прво полувреме без многу содржина, речиси прекрасниот гол на Лионел Меси во 35. минута беше единствениот момент за одбележување.
Колку срамежливо играа двете екипи говори податокот дека цело полувреме беа видени вкупно три шута. „Гаучосите“ двапати му се заканија на Рајан, а „кенгурите“ еднаш му се заканија на Мартинез.
Австралија беше целосно рамноправен противник во воведните 12 минути, исто како и во речиси целото прво полувреме, а потоа Хулио Алварез користи голем пропуст во одбраната за да ја удвои предноста на својот тим.
Се чинеше дека тоа целосно ќе ѓи дотолчи Австралијците, но тие продолжија со компактна одбрана, а потоа наградата за храброста и борбеноста стигна во 77. минута.
Еден удар на Гудвин од далечина, практично од очај, погодува дефанзивец на Аргентина, топката го менува правецот и оди зад голманот Мартинез.
Австралија продолжи да сонува за четврт-финале.
Во 89 минута – Нереално промашување на Лаутаро Мартинез! Меси дрибла низ цела одбрана, го вработи голгетерот на Интер, а овој направи катастрофално промашување.
После катастрофалното промашување на гаучосите, Австралија имаше шанса да ги добие продолженијата, во 7. минута од судиското надополнување. Но, во ситуација 1 на 1 со голманот Мартинез, младиот Куол ја пропушти можноста да стане херој на нацијата. Веројатно цела Австралија се фати за глава, а Аргентина во тој момент експлодира нема сомнеж, јасно беше дека Меси и компанија се во топ 8 во светот.