Јамајчанките кралици на спринтот

Со НОВ светски шампионски рекорд, таа не само што ја потврди доминацијата која трае повеќе од една деценија. Јамајканската спринтерка Шели Ен Фрејзер Прајс стана првата жена која освоила пет златни медали во една дисциплина од програмата за трчање на Светското првенство.

Се разбира, станува збор за трката на 100 метри на Светското првенство во Јуџин, а претходно Јамајканката, која освен со брзината ја краси и „откачена“ фризура, беше најбрза во 2009, 2013, 2015 година и 2019 година.

Во Даегу 2011 година беше четврта и го пропушти златото за осум стотинки, додека Лондон 2017 го пропушти бидејќи беше бремена со своето прво дете.

Инаку, за Шели-Ен ова беше десетти златен медал на светските првенства, таа освои четири во штафетата 4*100, додека еднаш, во 2013 година во Москва, славеше и на 200 метри.

Иако со овој резултат го собори рекордот на светскиот шампионат, ова не беше нејзината најбрза трка. Таа лани со 10,60 во Дијамантската лига во Лозана го постави третиот резултат на сите времиња, зад светскиот рекорд на Флоренс Грифит Џојнер (10,49) и резултатот што нејзината сонародничка Елејн Томпсон Хера (10,54) го постигна во Јуџин, но минатата година на Prefontaine Classic.

Хера, светската шампионка од 2017 година, мораше да се задоволи со бронзата, додека среброто и припадна на Јамајканката Шерика Џексон. Тие три станаа првите жени кои ги собраа сите медали за една репрезентација на светските првенства во дисциплината спринт.

Така тие го повторија подвигот од Олимписките игри во Токио минатата година, со тоа што Томпсон-Хера го освои златото со олимписки рекорд, а Фрејзер-Прајс го освои среброто.

By Author