Светското првенство во Катар едвај почна, а веќе имавме спорна ситуација на првиот меч меѓу Катар и Еквадор.
Веќе во третата минута Еквадор постигна гол, но по консултација со ВАР собата, судијата го поништи голот на Енеро Валенсија.
Беше офсајд, но според сликата и видеото на многумина не им беше јасно на што се повикува.
ФИФА брзо реагираше и објасни зошто контроверзната ситуација е протолкувана како офсајд. Имено, ногата на играчот на Еквадор, од коленото до стапалото, беше во офсајд. Голманот се смета за последен играч во одбраната, па катарскиот дефанзивец зад голманот беше небитен во оваа ситуација.