Лука Дончиќ уште еднаш го покажа големото срце! Решил да ги плати сите трошоци за погребот и се што е потребно за жртвите од масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар.

Еден ден по страшниот настан во Белград, кога 14-годишен ученик со огнено оружје уби осум ученици и чувар во основното училиште во Врачар, а рани уште неколку, малку нереална, но крајно трогателна вест пристигна од Соединетите Американски Држави.

Имено, кошаркарот на Далас Маверикс и словенечката репрезентација Лука Дончиќ реши да ги плати трошоците за погребот на убиените деца.

„Како што изјави портпаролот на „Фондацијата Лука Дончиќ“ за ЕСПН во четвртокот, ѕвездата на Далас Маверикс, Лука Дончиќ, вети дека ќе ги плати трошоците за погреб на убиените деца во основното училиште во Белград, како и психолошко советување за преживеаните.

Дончиќ има длабоки корени кои го поврзуваат со регионот околу главниот град на Србија, од каде што се неговата баба, вујко, тетка и роднини. Неговиот татко Саша е Србин.

Дончиќ по ова масовно убиство се понуди да помогне, пред сè итно, на краток рок, а планира да се вклучи во каква било помош по трагедијата што се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“ во средата.

Дончиќ, кој е роден во Словенија, очекува да се приклучат и други НБА кошаркари кои се од Балканот.

– Срцето ми е скршено поради трагичното пукање во Србија и загубата на животи, меѓу кои и невини деца. По оваа трагедија, моите мисли се со семејствата на жртвите и со целата локална заедница. Преку мојата фондација, барам и непосредни и долгорочни начини да им помогнам на учениците, училиштата и семејствата погодени од пукањето во основното училиште Владислав Рибникар. Посветен сум на ова и ќе ја информирам јавноста за сите детали по ово повод- изјави Лука Дончиќ.

By Author