Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, ќе стартува од пол-позицијата на претстојната трка во Формула 1 за Големата награда на Унгарија, бидејќи беше најбрз во квалификациите.

Седумкратниот светски шампион постигна резултат од 1:16.609 минути и ја освои 104. пол-позиција во кариерата, што е рекорд во Формула 1.

Во последните моменти од квалификациите, тој успеа да го достигне Макс Верстапен од Ред Бул и да обезбеди пол-позиција за прв пат по трката во Саудиска Арабија во 2021 година, пред 20 месеци.

Хамилтон е и рекордер на Хунгароринг со осум победи.

Од второто место ќе стартува Верстапен, кој беше за 0,003 секунди побавен од Хамилтон, додека трет ќе стартува Ландо Норис од Мекларен, кој беше побавен за 0,085 секунди.

Неговиот тимски колега Оскар Пјастри го зазеде четвртото место, петти Џо Гуангиу од Алфа Ромео, шести возачот на Ферари, Шарл Леклерк, а седмото место го зазеде Валтери Ботас од Алфа Ромео.

Фернандо Алонсо од Астон Мартин ќе стартува од осмото место, Серхио Перез од Ред Бул од деветтото, возачот на Хас Нико Хулкенберг беше 10ти, а Карлос Саинц од Ферари ќе стартува од 11. место.

Трката во Формула 1 за Големата награда на Унгарија се вози во недела од 15 часот.

На претходните 10 трки победија возачите на Ред Бул – Верстапен осум пати и Перес двапати.

By Author