На Националниот стадион во Пекинг денеска започна церемонијата на затворање на Зимските олимписки игри.
На церемонијата на стадионот „Птичјо гнездо“, меѓу другите присуствуваа и кинескиот претседател Си Џинпинг и претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах.
Натпреварот во 15 спортови се одржа под строги здравствени правила поради пандемијата на корона вирусот.
Најуспешна селекција на Игрите е Норвешка со најголем број медали – 37 и најмногу златни медали – 16.
Натпреварите започнаа на 4 февруари.
Пекинг стана првиот град домаќин на Летните и Зимските олимписки игри, откако го организираше најголемиот натпревар во летото 2008 година.
Следните Зимски олимписки игри ќе се одржат во Милано и Кортина д’Ампецо во 2026 година.