Возачот на Аспара, Исан Гевара, дојде до својата втора победа сезонава, но и во кариерата, бидејќи славеше на Големата награда на Шпанија, шестото коло од Светскиот шампионат во Мото3.

Младиот Шпанец целта ја мина со 61 илјадитинка предност пред сувазочот Серхио Гарсија. Целосно шпанскиот подиум го комплетираше Јауме Масија од тимот на Ред Бул КТМ Ајо, кој беше десеттинка и повеќе.

Голема борба за триумф на патеката „Ангел Нијето“ беше забележана речиси во текот на целата трка, а на неа покрај споменатите тројца учествуваше и Дениз Онју кој ги брани боите на тимот на Тех3. Токму турскиот мотоциклист влезе во последниот круг како лидер и таа позиција ја задржа до последниот сектор, кога Гевара го започна нападот однадвор. На тој начин Шпанецот го надмудри не само него, туку и сонародниците, но Онју на крајот ја плати цената на својата грешка и мораше да се задоволи со четвртото место.

Чави Артигас беше петти во финишот, пред тројца Јапонци Ајуку Сасаки и Каита Тобе и Русеи Јаманака. Меѓу првите десет се најдоа Даниел Олгадо и Диого Мореира.

Покрај победата на Гевара, како и борбата до целта, трката во Херез ја одбележа и лошиот настап на еден од кандидатите за титулата Денис Фоџа. Возачот на Леопард имаше проблематична трка која ја заврши на 18. место, бидејќи практично никогаш не успеа да се вклучи во борбата за бодови. Разочарувачка трка имаше и Андреа Мињо од Снајперис кој го зазеде 14. место

Гарсија сега е на врвот во генералниот пласман со 103 бодови, 19 повеќе од Фоџа, додека Гевара е трет со 73.

Светското првенство продолжува со трката за ГН на Франција во Ле Ман на 15 мај, со директни преноси на Спорт клуб.

By Author