Италијанскиот фудбалски стручњак Џенаро Гатузо е назначен за нов тренер на Валенсија, соопшти шпанскиот клуб.

Гатузо (44) потпиша договор со Валенсија до 30 јуни 2024 година.

Италијанскиот тренер го замени Хозе Бордалас на клупата на шпанскиот клуб.

Валенсија минатата сезона го освои само деветтото место во Ла Лига, а во финалето на Купот на кралот беше поразена од Бетис со 2:1.

Гатузо почна да работи како тренер во 2012 година. Беше тренер на Палермо, ОФИ Крит, Пиза, младинскиот и сениорскиот тим на Милан и Наполи со кој го освои Купот на Италија во 2020 година.

By Author