СРПСКО ДЕРБИ НА ВИМБЛДОН Ноле и Кецмановиќ ќе се борат за осминафиналето на Грен слем турнирот во Лондон.

Новак Ѓоковиќ продолжува да го брани тронот на Вимблдон, во 2. коло го победи Танасис Кокинакис во три сета на централниот терен – 6:1, 6:4, 6:2.
Ѓоковиќ повторно изгледаше исклучително моќно на лондонската трева и закажа српско дерби.

Во третото коло на Вимблдон ќе се сретнат Новак Ѓоковиќ и Миомир Кецмановиќ. Натпреварот ќе се игра на 1 јули како втор на Централниот терен и нема да започне пред 16.00 часот по наше време.

By Author