Бреша, култниот клуб за кој играа Роберто Баџо, Андреа Пирло, Лука Тони, Пеп Гвардиола, драматично доживеа историска катастрофа на домашен терен.
Во реваншот од плеј-офот за опстанок во Серија Б, до петтата минута од судиското надополнување, водеа со 1:0 против Козенца, која првиот меч го доби со истиот резултат.
Но, потоа гостите израмнија во последниот напад и така се спасија од испаѓање на радост на своите навивачи, кои дојдоа од другиот крај на Италија на северот на земјата. Секако, тоа предизвика негодување кај навивачите на Бреша, бидејќи нивниот клуб пред само три години играше во Серија А, а сега по 38 години испадна во третата лига. Сепак, никој не можеше да претпостави во што ќе се претвори огорченоста на домашните навивачи, ако може така да се наречат.
Веднаш по примениот гол, навивачите на Бреша го опсипаа теренот со пиротехнички средства, по што од северната трибина втрчаа во теренот мавтајќи со факели, по што судиите и играчите на двата клуба побегнаа во соблекувалните. Секако прекинувајки го предходно натпреварот пред да побегнат. Натпреварот продолжи откако полицијата успеа да ги избрка навивачите на Бреша од теренот, по жестока пресметка со нив.
По тој судир навивачите на Бреша го напуштија стадионот, но за да направат хаос надвор од него. Од паркингот ги опсипуваа гостинските навивачи со бакли, ракети и петарди, по што судијата дефинитивно го прекина натпреварот иако имаше уште минута и пол. Потоа продолжи хулиганското дивеење околу стадионот.
Навивачите на Бреша запалија автомобили, вклучувајќи го и оној на Матје Хуард, дефанзивецот на нивниот клуб, и продолжија да се борат со полицијата на улиците околу стадионот. Дел од ултрасите отишле во тренинг кампот на Бреша оддалечен 20 километри и го уништиле.
После тоа, навивачите на Бреша поставија контролни пунктови низ целиот град, а во овие чекални ги чекаа сите: полицијата, ривалските навивачи, играчите на клубот за кој навиваат… Затоа играчите на Бреша, како и членовите на нивните, останаа затворени до раните утрински часови на стадионот под полициска заштита.